More

    Пендаровски одговори на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари – соопшти Кабинетот на претседателот.

    „Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“ – се вели во соопштението од Кабинетот.

    Претходно Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ставовите на претседателот Стево Пендаровски искажани во интервју во однос на амнестија и измените на КЗ го повика Пендаровски да одговори кој тоа барал од него амнестија.

    – Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена” за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија – рече Стоилковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img