Пендаровски:Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала,како што реагираше сега за законот за игри на среќа

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала пред воопшто да се донесе законот заради злоупотреба на европското знаменце – за Законот за игри на среќа имаше таква реакција – вели претседателот Стево Пендаровски во одговор на критиките од ДУИ дека злоупотребата на европското знаменце не е вистинската причина за неговото блокирање на Законот за игри на среќа.

Како аргумент ДУИ наведува дека Пендаровски претходно без проблем го потпиша указот за стапување во сила на измените на Кривичниот законик, за кои исто така беше употребено европско знаменце.

„За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, измените на Законикот се усогласени со европската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела.

Никогаш, за ниту еден закон, Европската Унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието.

Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис – наведува претседателот Пендаровски во својата писмена реакција.

Share This Article