Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски, одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Share This Article