More

    Пендаровски канцеларија ќе има, со тројца вработени од неговиот кабинет, но одби претседателска пензија

    spot_img

    Една секретарка, една вработена во Службата за протокол на претседателот и еден административен работник.

    Ова се тројцата вработени во Кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски кои наскоро ќе добијат нови работни места во канцеларијата којашто, меѓу другото, законски му следува на поранешниот шеф на државата.

    Како што дознаваме од извори блиски на експретседателот, отворањето канцеларија и вработувањето три лица во таа канцеларија ќе биде единствената бенефиција што ќе ја искористи Пендаровски, додека сите други бенефиции како доживотна државна пензија, веќе ги одбил.

    Што се однесува до личното обезбедување кое исто така законски му следува, тоа ќе биде организирано според проценките на соодветните служби.

    Пендаровски веќе ѝ се вратил на професорската кариера во „Американ колеџ“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img