More

    ПЕНДАРОВСКИ ЈА НАЛУТИ СОФИЈА СО ИЗЈАВАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА

    spot_img

    Македонската амбасадорка во Софија Агнеса Руси Поповска, била повикана на средба во тамошното Министерство за надворешни работи, на која официјално е изразено негодување поради неодамнешните јавни коментари на политичари во Македонија на сметка на Бугарија.

    Како што соопшти прес-центарот на бугарското МНР, тоа категорично се противи на обидот Бугарија и нашите билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања. „Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија“, посочуваат од бугарското МНР и додаваат дека тоа се прави „со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормален тек на изборниот процес и амбиент на јавна смиреност за да може да се спроведат потребните реформи“.

    Според официјалните софиски власти, овие напори на Бугарија не се разбрани и не ги ценат одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нивната земја како изговор за недостигот на напредок пред граѓаните.

    „Уште еднаш ја повикуваме политичката елита во Република Северна Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство на 2017. Ова е единствената можност за постигнување реален напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата за доброто на нејзините граѓани“ – се вели во реакцијата на бугарското МНР.

    Иако не е точно наведено на што реагира официјална Софија, ваквата реакција доаѓа после последната јавна изјава на претседателот и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, кој пред три дена изјави дека „македонското малцинство во Бугарија со децении е малтретирано и поминува низ голгота“.

    Полемизирајќи со ставовите на опозицијата Пендаровски рече дека „и самиот ќе се зачлени со ВМРО-ДПМНЕ ако успее да ги внесе Македонците во бугарскиот устав“.

    – Ми пречи кога некој ги лаже луѓето со години. Излегува дека „тие се неспособни, а ние не само што ќе ја смениме рамката за преговори, туку ќе ги вклучиме и Македонците во бугарскиот Устав“. Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав – нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку владата? Во бугарската влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека нè лажат, гледајќи нè во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот Устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот – изјави Пендаровски на ТВ Сител.

    Влијателниот бугарски новинар Велизар Енчев во Фејсбук статус го обвини Пендаровски дека со „ѝ објавил војна на Бугарија“, коментирајќи ја состојбата со македонското малцинство во државата.
    „Македонскиот претседател Стево Пендаровски си дозволи вербален напад, што е најголемата провокација кон Бугарија откако тој е шеф на државата. Неговите тврдења за „македонското малцинство“ во Пиринскиот регион и неговото вклучување во нашиот Устав е воен чин што не можеме да го одобриме“ – пишува Енчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img