Претседателот Стево Пендаровски пред квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство меѓу Македонија и Италија на националната арена „Тодор Проески“, имаше куса средба и се поздрави со шефот на делегацијата на италијанската репрезентација и поранешен голман Џанлуиџи Буфон.
„Спортски поздрав со Буфон. Нека победи подобриот“, напиша Пендаровски фејсбук.