More

    Пендаровски: Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија

    spot_img

    Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале, изјави претседателот Стево Пендаровски. Според него, еден од тие услови е ако разгоруваат национални или верска омраза и нетрпеливост.  

    Во одговор на новинарско прашање по денешната свечена церемонија на која со Медал за заслуги беа одликувани 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика, претседателот истакна во случајот со формирањето на задруженија со контроверзни имиња се работи за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Северна Македонија.

    – Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години. Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно. Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму – додаде Пендаровски.

    Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на програмата за работа и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, објави „Нова Македонија“. Во поднесената иницијатива се наведува дека „неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“.

    Во прилог на иницијативата се посочува и историскиот факт дека царот Борис Трети бил соработник на Адолф Хитлер што ја придружил Бугарија на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и Јапонија, за што како награда ги добил териториите на Вардарска, Егејска Македонија и Тракија.

    Се истакнува и депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија, при што Македонија загубила 7.144 Евреи.

    Како неспорен историски факт е наведена и окупацијата на Македонија од страна на фашистичка Бугарија на 19 април 1941 година, при што на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска. Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција.

    Со поднесената инцицијатива на Менкиноски кој е правен застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур, се бара поништување на програмата и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img