More

    Пендаровски го посети Мисини кој штрајкува со жед

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски утрово го посетил активистот Суад Мисини, кој во текот на вчерашниот ден почна штрајк со жед, со цел да им помогне на граѓаните кои имаат проблем со личните документи, информира Пендаровски на својот фејсбук-профил.

    Пендаровски вели дека во разговорот го информирал Мисини дека го потпишал Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните.

    Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со бездржавјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи“ – појасни претседателот Пендаровски.

    Тој нагласи дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште, со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија граѓани да извадат лични документи.

    Пендаровски апелира до пратениците во македонското Собрание, кои веќе работат на овој процес, да го завршат час поскоро, затоа што, како што посочува, секој човек има право на достоинствен живот.

    На крајот на разговорот побарав од Суад Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје“ – пишува Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img