Пендаровски ги одликува со Орден за заслуги за С Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува со Орден за заслуги за С Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба.

Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, орденот од Пендаровски го доби за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови.

Кругман се зблагодари на довербата и доделениот орден и нагласи дека Северна Македонија е модел на демократија и мир во тешки времиња. Порача дека ова се времиња кога земјите треба да застанат зад вредностите во кои сите веруваат и да соработуваат меѓусебе.

Орденот за Стопанската комора на РС Македонија, пак, е за 100 годишен посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различни еснафски стопанственички структури, со што, според образложението, се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите на стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата.

Во обраќањето во име на Стопанската комора, извршниот директор Антони Пешев посочи дека се горди на напорите што ги вложуваат да ја заштитат традицијата стара 100 години. Сите овие изминати години се радувавме на успесите на нашата економија, која покажа исклучителна жилавост во справувањето со сите кризи и искушенија, видливи, а често и невидливи. Македонските компании сите овие години се бореа упорно и истрајно да ги задржат своите позиции, вработени, да создаваат нови вредности, да го зголемуват извозот, што и треба да биде целта на секоја држава.

Претседатело на државата Пендаровски нагласи дека има голема чест да одликува две личности и една организација кои имаат особени заслуги за економската мисла, но и за економската дејност на глобално и на национално ниво.

Share This Article