Славниот Пенарол успеа да се пласира во полуфиналето на Копа Либертадорес, најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка.
Тимот од Монтевидео во двомечот беше подобар од бразилскиот Фламенго со вкупен резултат 1:0. Реваншот во Уругвај заврши без голови.
Двете екипи беа доста претпазливи во првото полувреме, па речиси и да немаше позначајни настани на теренот.
Во продолжението Фламенго, кој имаше негатива од првиот натпревар, тргна многу посилно. Целото време практично се играше на половината на Пенарол. Сепак, тимот од Уругвај одолеа на нападите и благодарение на голот на Кабрера во првиот меч стигна меѓу четирите најдобри екипи на континентот.
Во полуфиналето Атлетико Минеиро ќе игра против Ривер Плата или Ботафого против Пенарол.