Пекол за Хакими: Обвинет за силување, неговата сопруга веднаш побарала развод

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - The Best FIFA Football Awards - Salle Pleyel, Paris, France - February 27, 2023 Paris St Germain's Achraf Hakimi before the Best FIFA Football Awards REUTERS/Sarah Meyssonnier

Ахраф Хакими бил обвинет за силување од девојка додека неговата сопруга била со децата на одмор во Дубаи.

Хакими лани блескаше во дресот на ПСЖ, а потоа со Мароко стигна до четвртото место на Мундијалот.

Многумина беа воодушевени кога тој и неговата мајка го прославија историскиот успех на африканската репрезентација, но набрзо се се претвори во вистински пекол.

Хиба Абук, сопругата на Хакими и позната шпанска актерка, не му верува на својот сопруг. Иако Хакими ги негираше обвинувањата, Марка пренесува дека решила веднаш да ја прекине врската со него, па дури и побарала развод.

Тие, наводно, биле во криза веќе неколку години, а обвинението за силување било само поттик да се започне правното прашање за развод.

Неофицијално, тие веќе отвориле случај во Франција по пријавата за силување. 24-годишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал на 25 февруари во куќа во предградие на Париз.

Тие почнаа да се допишуваат на Инстаграм во средината на јануари, а потоа Мароканецот сакаше нешто повеќе.

Откако ја повикал во својот дом, почнал да ја силува, а девојката успеала да избега и да пријави се во полиција, а обвинителството поднело тужба.

Хиба Абук е 12 години постара од Хакими и е позната по улогите во ТВ сериите во Шпанија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article