More

    Пекол на најубавиот остров на светот: Луѓето се фрлaja во океанот за да се спасат

    spot_img

    Големиот шумски пожар што ги зафати Големиот Остров и Мауи на Хаваите е дополнително поттикнат од ураганските ветрови. Пожарот уништи поголем дел од градот Лахаина, туристички и економски центар во кој живеат околу 13.000 луѓе.

    Најмалку шест лица загинаа во шумски пожари на Хаваи, изјави градоначалникот на округот Мауи, Ричард Бисен Џуниор, пренесе Си-Ен-Ен.

    Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП.

    Изгореа голем број фарми, илјадници луѓе беа евакуирани.

    „Имаме повеќе од 2.100 луѓе во прифатилишта. Во тие засолништа, ви спомнав — и неколку што недостасуваат во смисла дека се во нивните автомобили и не стигнаа до вистинското засолниште“, рече Бисен.

    Хавајските власти ги повикуваат луѓето да ги откажат сите патувања во Мауи, бидејќи 1.800 луѓе се веќе блокирани на аеродромот на островот.

    Невозможно е да се знае колкава штета предизвикаа шумските пожари на Хаваи бидејќи пламените јазици сè уште горат низ делови од Големиот остров и Мауи, рече Бисен.

    Поради чадот беа откажани многу летови, а „заглавените“ патници ноќта ја минаа на аеродромот.

    Хаваите се подготвуваа за ураганот Дора, но официјалните лица никогаш не предвидуваа дека тоа ќе доведе до разорни шумски пожари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img