More

    Пекинг е многу загрижен дека војната може да излезе од контрола

    spot_img

    Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

    Чин Ганг на учесниците на безбедносната конференција во Пекинг им рече дека Кина е загрижена дека војната, која трае речиси една година, може дополнително да ескалира и „да излезе од контрола“.

    – Пекинг е многу загрижен поради овој конфликт кој се интензивира, па дури и излегува од контрола – рече тој пред десетици странски амбасадори и дипломати.

    Чин Ганг додаде дека Кина ќе продолжи да се залага за мировни преговори и да обезбеди „кинеска мудрост“ за да се постигне политичко решение.

    – Истовремено, ги повикуваме погодените земји веднаш да престанат да додаваат масло на огнот, да престанат да ја префрлаат вината на Кина и да престанат да зборуваат за Украина денес, а утре за Тајван – рече Чин.

    Кина никогаш не ги осудила руските акции против својот источноевропски сосед, ниту го употребила зборот „инвазија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img