Пекинг бележи рекордни температури: Граѓаните се разладуваат на креативни начини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A woman wearing sun protection gear amid a heatwave walks on a street in Beijing, China July 1, 2023. REUTERS/Tingshu Wang

Кинеската влада денеска издаде црвено предупредување поради топлотниот бран што ја зафати областа Пекинг, во чии провинции, Хебеи и Хенан, температурите надминаа 40 степени Целзиусови.

Влијанието на климатските промени се рефлектира во сите делови на светот, па така денес Пекинг забележа една од највисоките температури во текот на летото.

На сликите од социјалните мрежи се гледа како граѓаните на кинеската престолнина се освежуваат во реките.

Во текот на јуни Пекинг го собори рекордот за највисока температура, а денеска беше блиску до таа бројка. Метеоролозите очекуваат пораст на температурата во наредните денови.

Климатските промени
Топењето на поларните ледени плочи, зголемувањето на нивото на морето, прекумерното испарување влијае на светот со катастрофални резултати.

На овој начин обилните врнежи предизвикуваат поплави кои ги уништуваат животите на илјадници луѓе, а од друга страна се јавуваат топлотни бранови кои надминуваат 40 Целзиусови степени.

Денес, климатските промени се многу сериозен проблем со кој никој од функционерите сериозно не се занимава, туку гласот се слуша само од одредени невладини организации кои се занимаваат со климатските промени и последиците од нив.

Сведоци сме на се повеќе сеча на шуми, изградба на станбени згради на планини, испуштање отпадни материи во водите, поради што многу европски региони се соочуваат со вакви долгорочни проблеми.

Така, денес имаме последици како овие што го снајдоа Пекинг. Според meteoblue.com, просечната температура е 22 Целзиусови степени – во споредба со денес, кога достигна и до 37 Целзиусови степени.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article