Познатиот босанско-херцеговски кантавтор Дино Мерлин синоќа во Белград го одржа третиот последователен концерт кој беше исполнет до последното место.
На концертот, меѓу другото, Дино носел позлатени очила, што на многумина им паднало во очи.
Мерлин за оваа прилика не штедел на очилата кои се со потпис на познат бренд, а станува збор за 24-каратно злато.
За нив одвоил речиси 1.000 евра, а во светот ги има само 40.
Мерлин, да потсетиме, на синоќешниот концерт ги спомна сопругата и наследниците.
– Еднаш запознав девојка, која тогаш имаше 16 години, во август, тоа е осмиот месец… Затоа ми е важен бројот осум. Имам прекрасно семејство, добив и внуци, па сега му сум дедо Дино – изјави Мерлин пред насобраните.
ФОТО: Инстаграм