More

    Пејачката за Нова година ќе добие неверојатна сума, само Чолиќ ѝ парира

    spot_img

    По успешната деловна година, српската фолк пејачка Александра Пријовиќ ќе пее на Златибор за да ја дочекот на Новата 2025 година.

    Веќе наголемо се шпекулира за висината на хонорарот на регионалните пејачи за дочекот, а највисока сума се очекува да добие Здравко Чолиќ, кој за настапот во Тиват ќе биде платен дури 120.000 евра. Но, неговата помлада колешка, Александра Пријовиќ, стигнала до него барем по хонорарот, па истата цифра ќе ја добие и за настапот на Златибор, пренесува српски „Курир“.

    Интересно е што Пријовиќ ќе заработи повеќе од Лепа Брена која за настапот во белградскиот хотел ќе добие 110.000 евра, но и од Светлана Цеца Ражнатовиќ која настапува во Херцег Нови каде договорила хонорар од 100.000 евра.

    Сепак, успехот на Прија не треба да изненадува, со оглед на тоа што таа е една од најголемите ѕвезди во моментов, што го докажа и со повеќе од успешната турнеја „Од исток до запад“. Претходната година одржа повеќе од 60 концерти во регионот и дијаспората, а наскоро турнејата ќе ја заврши со уште еден настап во белградска Арена.

    Да потсетиме, Александра лани пееше во Сава Центар, а луѓето платија и по 250 евра, за да влезат во 2024 година со Пријовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img