Славната пејачка Селин Дион откри дека боледува од реткото нарушување SPS (Stiff Person Syndrome), кое предизвикува неконтролирано стегање на мускулите – Синдром на вкочанета личност.
Познатата пејачка во видеото кое го објави на својот инстаграм-профил го сподели ова сознание со своите обожаватели и откри како се манифестира оваа ретка болест.
Таа со солзи во очите рече дека ќе мора да ја откаже европската турнеја:
„Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам да разговарам повторно со вас од сцената“, започна Селин, а потоа во солзи продолжи:
„Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега ми е јасно зошто имам напади. За жал, спазмот ми го нарушува секојдневието. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за повторно да си ги вратам силите и способностите за настап, но морам да признаам дека тоа е тешка битка. Додека сè уште дознаваме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа беше причина за грчевите од кои страдав. За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми го отежнуваат движењето, а не ми дозволуваат да ги користам гласните способности на начин на кој сум навикната. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам европската турнеја во февруари, како што беше претходно најавено. Ве сакам и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме“, ја раскажала борбата со болеста со која се соочува.