More

    Пејачката секаде ги полни салите, само во овој град нема интерес за нејзиниот концерт

    spot_img

    Продажбата на билетите за концертот на српската пејачка Александра Пријовиќ во Задар не оди како што беше во другите градови низ Хрватска.

    Александра Пријовиќ со месеци ги полни арените низ регионот, а посебен интерес е забележан во Хрватска. Речиси во сите градови пејачката распродаде неколку концерти, меѓу кои и во главниот град, каде одржа дури пет настапи во загрепската Арена.

    Александра Пријовиќ закажа концерт и во Задар, кој привлече посебно внимание кај публиката, поради скандалот што следеше по оваа најава за настап.

    Имено, нејзиниот концерт предизвика конфликт на мислења, а тој наводно првично бил забранет со образложение дека нема слободни термини, а потоа закажан со бројни негодувања од публиката и локалните организатори.

    Сега дошло до смена на директорот на салата каде пејачката треба да одржи концерт – ШЦ Вишњик, па по разрешувањето на Денис Карловиќ оваа функција ќе ја преземе Томислав Зубчиќ.

    Се шпекулираше дека промената на директорот настанала токму поради бројни околности околу одржувањето на концертот на Александра Пријовиќ, што поранешниот директор го демантираше, пренесува „057info.hr“.

    – За сите досега одржани концерти и кои ќе се одржат во салата на Вишњик, секогаш има голем интерес од публиката. Сите изведувачи кои настапуваат на Вишњик имаат еднаков статус, а ние се придржуваме до потпишаните договори. Што се однесува до концертот на Александра Пријовиќ, во моментов салата не е целосно распродадена, па затоа организаторите не пројавиле интерес за дополнителни термини за одржување на нејзиниот концерт – изјави новиот директор на СЦ Вишњик Томислав Зубчиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img