Пејачката покажа дека конечно изгледа среќно по разводот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џенифер по долго време е насмеана во јавноста, а многумина коментирале дека конечно изгледа задоволно по разводот од Бен Афлек. Последниве недели таа го обиколува светот промовирајќи го својот филм „Незапирлив“ (Unstoppable).

Некаде во периодот додека таа работеше на тој проект започнале проблемите во бракот со Бен Афлек. Уште од почетокот на нивното повторно спојување, сите беа скептични околу нивната врска и зборуваа дека нивната љубов нема да трае долго. Таа ги потпиша документите за развод во август, пред филмот да ја види светлината на денот. Џенифер и Бен беа во брак помалку од две години.

Џеј Ло во последно време сè почесто можеме да ја видиме со нејзините деца, ќерката Ема и синот Макс.

 

Share This Article