Пејачката откри со какви непријатности се соочила во Дизелдорф

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева тврди дека друштво на македонски иселеници од Дизелдорф повикувало на бојкот на нејзиниот концерт во градот. Гочева, која е на турнеја низ Германија, ѝ се обрати на публиката:

– Постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва тука и притоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од оние што ни го газеа знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф.

Повикот за бојкот почнал откако бил најавен концертот, а таа за тоа дознала неколку дена пред истиот.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Македонската заедница во СР Германија реагираше на изјавата на Гочева. Во соопштение до јавноста заедницата објасни дека терминот на нејзиниот концерт се поклопувал со настани организирани од друштвото во истиот град, со што „грубо го кршат договорот за одржување настани и годишниот план за здруженијата и црковните општини од НРВ“.

„Во конкретниот случај, се организира настан на истиот ден и во истиот град Дизелдорф, кога Македонскиот културен клуб „11 Октомври“ организира хуманитране концерт по повод 35-годишен јубилеј на здружениоето со Миле Кузмановски и Татјана Стефановска“, велат од заедницата.

Тие исто така посочуваат дека концертот бил организиран ден пред хуманитарниот концерт на Наум Петрески и Зуица Лазов организиран од Македонскиот културен центар „Македонско сонце“.

Заедницата вели дека и во иднина ќе ги осуди сите настани кои ќе бидат организирани во исти или приближни термини со тие на здруженијата без претходна најава.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article