Пејачката Бритни Спирс крена голема прашина со своите најавени мемоари, во кои открила дека абортирала во текот на врската со поранешното момче, поп ѕвездата Џастин Тимберлејк, пишува магазинот „Пипл“.
Прославената пејачка беше во врска со Џастин од 1999 до 2002 година, а во нејзините претстојни мемоари детално ја опиша својата „болна“ одлука да ја прекине бременоста.
Бритни Спирс забременила кон крајот на 2000 година, кога и двајцата имаа по само 19 години.
„Многу го сакав. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство, но Џастин не беше среќен поради мојата бременост. Тој рече дека не сме подготвени за дете, дека сме премногу млади“, напиша пејачката и додала:
„Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но јас се согласив на тоа. Не знам дали тоа беше вистинската одлука. Да беше до мене, никогаш немаше да го сторам тоа. Но Џастин беше сигурен дека не сакаше да биде татко“, додала таа.
За потсетување, Тимберлејк и Спирс беа во врска околу три години пред ненадејно да раскинат во 2002 година.
Спирс тврдеше дека Џастин и бил првото момче, со кое ја изгубила невиноста. Кога раскинаа, Џастин во својата хит песна „Cry me a river“ откри дека го изневерувала.
Инаку, Бритни на 24 октомври ќе ги објави своите мемоари „The Woman in Me“ (Жената во мене).