Пејачката Ивона Јо објави разголени фотографии од себе по повод Денот на жената – 8 Март

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачката Ивона Јо објави разголени фотографии од себе по повод Денот на жената – 8 Март, притоа испраќајќи моќна порака до сите жени – да бидат нежни кон себе.

На една од фотографиите Ивона е без градник, додека на другите фотографии носи раскопчана кошула, а под неа се гледа бел градник…

 

„Среќен 8 март на сите жени, мајки и кралици. Среќен 8 март тебе и мене. Се надевам како што сите сме гласни денес, ќе останеме и утре. Забавата не престанува кога ќе наполниш 30 години. Брчките на лиценцето не се знак дека стануваш грда и стара. Препушти се себеси, на себе. Пушти сѐ, затоа што и онака секој гледа за себе. Денес пушти сѐ. И те молам не чекај цвеќе, вечера и честитка. И не заборавај ништо не треба. „Треба“ само да сакаш да го правиш тоа. Само нежно према себи. Ве сакам. Ваша Ивона Јо“.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article