Пејачката Александра Пријовиќ одржа концерт во средата во Врњачка бања

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пејачката Александра Пријовиќ одржа концерт во средата во Врњачка бања. Меѓутоа, во текот на концертот се случи една ситуација која ја загрижи пејачката, па на момент го прекина настапот.

Александра забележала дека на една девојка од првиот ред и се слошило и дека и е потребна помош. Таа повикала обезбедувањето да и помогне на девојката, а потоа предложила и самата таа да се симне од бината.

– Има ли некој овде што може да помогне? Одам надолу. Исклучете ги светлата на бината, ништо не гледам – им порачала Александра преку микрофонот на организаторите.

Обезбедувањето веднаш отишло кај девојката и ја одвело до Брзата помош за да и укаже лекарска помош.

Пејачката продолжила да пее откако реагирало обезбедувањето. Во еден момент од концертот, Александра и се обратила на мајката на својот сопруг Филип Живојиновиќ да ја поздрави, но и до луѓето кои дојдоа да ја слушаат дури од Канада.

Концертот на Александра доцнеше, а таа почувствува потреба да и објасни на публиката и зошто.

– Извинете што доцневме, не е до нас, се направи голема гужва напред. Многу ми е жал што застанавте на оваа горештина – и порача пејачката на публиката.

Во текот на целиот концерт публиката играла и пеела заедно со Александра на нејзините најголеми хитови.

Share This Article