Пејачката Адел им порача на своите обожаватели дека привремено ја напушта сцената поради здравствени проблеми.
Адел објасни дека мора да ги презакаже своите претстојни концерти во Лас Вегас, САД. Таа не можела целосно да закрепне од болеста, што негативно влијаело на нејзините гласни жици.
– Немав шанса целосно да се опоравам пред да продолжам со настапот, а сега повторно сум болна. За жал, тоа влијаеше на мојот глас. Затоа, според упатствата на лекарите, немам друг избор освен добро да се одморам – објасни Адел.
На крајот на септември, пејачката не сакаше да им открие на обожавателите дека се омажила, иако во публиката бил и нејзиниот сопруг. Таа не го именуваше својот избраник, но познато е дека Адел веќе неколку години се забавуваше со кошаркарскиот агент Рич Пол. Во ноември, новинарите потврдија дека пејачката тајно се омажила.