Пегула ја елиминира најдобрата светска тенисерка Швјонтек

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изненадувањето на денот на ЈуЕс Опен го приреди синоќа Американката Џесика Пегула, 6-та на АТП-листата, која по 6 неуспешни обиди конечно се пласираше во грен – слем полуфинале, совладувајќи ја најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска со 6-2, 6-4 во четвртфиналето на ЈуЕс Опен.

– Конечно можам да кажам дека сум полуфиналист – со олеснување изјави 30-годишната Пегула, која претходно во кариерата имаше 6 четвртфинални порази на грен – слем турнирите.

Триумфот на Пегула значи дека Американците ќе имаат дури четири претставници во полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција, откако пласман меѓу најдобрите четири претходно обезбедија нејзината сонародничка Ема Наваро, а кај мажите Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

Пегула во четврток ќе се бори за пласман во финалето против Чехинката Каролина Мучова (ВТА-52), која со 6-1, 6-4 ја исфрли Бразилката Беатрис Хадад (21).

Првиот носител на машкиот турнир, Италијанец Јаник Синер се пласираше во полуфиналето Опен победувајќи го Русинот Данило Медведев во четвртфиналето со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4.

Во полуфиналето Синер ќе се соочи со 22-годишниот Британец Џек Дрејпер кој елиминираше Алекс де Минаур со 6-3, 7-5, 6-2.

Share This Article