Педесетгодишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат ноќеска.
Веднаш била повикана брза помош, но како што велат од МВР кај затвореникот првично немало траги на насилство.
„На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години“, соопшти МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.