Педесет и седумгодишниот Сириец, кој исчезнал како тинејџер откако бил уапсен од силите на Башар ал Асад, беше препознаен од неговите роднини додека избезумено го напушташе затворот од кој беше ослободен по четири децении

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Педесет и седумгодишниот Сириец, кој исчезнал како тинејџер откако бил уапсен од силите на Башар ал Асад, беше препознаен од неговите роднини додека избезумено го напушташе затворот од кој беше ослободен по четири децении, пренесува Дејли Мејл.

Западните медиуми пишуваат за страшните услови во затворите во Алепо и Хама кои ги споредуват со катакомби.

Во 1986 година, сириските војници го уапсиле 18-годишниот студент Али Хасан ал-Али во северен Либан, а неговото семејство не го видело ниту слушнало 40 години. Неговиот помлад брат, Моамер, конечно го пронајде Али во четвртокот.

– Мојот телефон буквално „експлодираше“ со пораки и повици. Луѓето ме бомбардираа со фотографии од маж на возраст од околу 50 години пред централниот затвор Хама во северна Сирија. Пријателите ми рекоа дека човекот неверојатно личи на мене, а потоа сфатив дека навистина беше мојот брат. Тој излезе од затвор како старец – рече Моамер.

Бунтовниците ослободија затвореници од затворите во Алепо и Хама откако ја презедоа контролата и го соборија режимот на претседателот Башар ал Асад. Но, само илјада луѓе конечно беа ослободени од затвор по децении.

Фотографии од ослободени затвореници кружат на групите на социјалната мрежа Ватсап за роднините да можат да ги препознаат.

 

 

Share This Article