Педесет и двегодишен маж допирал малолетничка од Јавна установа за згрижување деца во Шуто Оризари.
„На 7.10.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари нивна малолетна штитеничка била допирана по телото од Е.К.(52) од Скопје“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.