Празнично не престанува да се бранува охридската чаршија , сиромавијот и оној полицаецот со преголема желба да „спие со нотарка“,го вознемирија еснафот во чаршијата!
Позната е поговорката дека сиромавијот два пати плајќа!,да така е ,но и дека со пот и работа во елитниот туристички центар „ТЕФЕРИЧ“,може баво човек да заработи и , тоа е вистина. Така нашиот напатен Сашо Мијалков два пати го плајќа својот имот,еднаш кога го купил,т.е. крваво го спечалил со рекет , не тениски и сега кога мораше да си го откупи со тешко спечалената плата од елитниот туристички центар „Теферич“ крај Струга.Тоа е работа ,а не овие наши деца запнале да одат по Хрватска , Германија да акаат,а не гледаат дека со работа тука низ институции има тешки милиони,сироаштија шо да преШ?!
Нема ден оние елитните од СДСМ да не ја разбранет охридската чаршија ,која повторно прва дознава од нивни најтесни партиски кругови,дека полицаецот Павле и неговото братче Жарко,ептем сериозно ги уцениле партиските другарчина од ОО СДСМ Охрид предводени од Кристина Крлеска Деспотоска , но и оние во централата на СДСМ во Скопје,па така дошле до нов компромис ,кој според охридската чаршија е до тој степен криминален и незаконски, но тоа е ,навикнува охридската чаршија.
За да се удоволи на браќата началници ,охридската чаршија дознава дека во СДСМ ,а во соработка со министерот за правда Кренар Лога, дошле со компромисно решение да се издаде уште едно решение за Нотар и тоа 9-то (девето) по ред за териотрија на Општина Охрид на сопругата на началникот Павле.
Она н што ја разбранува охридската чаршија,а посебно нотарската фела,лежи во законот за нотаријат.Според закон една општин а има нотари според број на активни жители по официјален попис.Така според поледниот трчај – лажи попис ,кој се одржа во Р.Македонија, во Охрид може да има законски максимум 8 нотари.Но од како не се успеа да се поништи издаденото решение од министерот Кренар Лога на снаата на охридскиот бизнисмен,СДСМ издејствувала Лога да направи остапка и да даде и 9 незаконито решение за наснзачување на сопругата на началникот Павле за Нотар 9-ти по ред во Општина Охрид!
Како што дознава охридската чаршија,ваквата одлука на СДСМ доваѓала од фактот од кој се плашеле ,а тоа е дека едниот брат – началник го контролира целото подрачје кое го има СВР Охрид ,а тоа се градовите Охрид, Кичево,Струга,Дебар,додека тој другиот кој има преголема желба да „спие со нотарка“ е началник на Регионален Центар Запад при МВР,кој опфајќа 2/3 од територијата на Македонија,поточно според охридската чаршија двајцата браќа го контролираат подрачјето на државата кое е најкриминално опфатено и каде е сместен дури елитниот туристички центар „ТЕФЕРИЧ“,па кога веќе се контролира све , потребно е да се има и сопствен јавен бележник -Нотар.
Охридската чаршија ја брануваат василичарски и актуелните нотари , кој се децидни ,дека на ваквата криминална глупост на министерот Лога и актуелната власт на СДСМ нема да останат со скрстени раце.Според нотарите во охридската чаршија и постојните сега нотари ,кој запослуваат сериозна бројка на вработени мака мачат за опстанок ,зошто реланата бројка на жители во Охрид не е поголема од 35.000 жители,а за да се опслужи вакова бројка на граѓани доволни се максимум 6 нотари ,а не 9,а за напомена говорат дека Општина Ресен која во моментов на цела нејзина територија има толку жители колку што има Општина Охрид ,има само двајца нотари.Според изјавите на охридската чаршија ,доколку се случи ваков полициско-криминален упад во нотарската фела, нотарите од Охрид преку нотарската комора на Македонија ,ќе излезат со протест,но и со низа други правни лекови и ќе ја стопираат својата работа се до правно завршување на целата нотарска збрка со цел да се удоволат полициски и параполициски криминални структури.
Низ охридската чаршија ,која патем е наинформирана , подолг период круѓи желбата на браќата началници да го контролираат охридското правобранителство,каде беше фикс сопругата на началникот Павле,но од како не го добија тоа место , типуваа на нотаријат,кога вече контролирата полција во запдна Макеодонија, целата работа на Пошти на Макеоднија (сопругата на началникот Жарко,братот на началникот Павле),продажба на возила и машини за чистење на ДПФ филтри,бело,жолто,зошто да не се контролира и нотаријатот, јавен бележник си е јавен бележник…
Охридка чаршија, охридски муабет..
Фото – илустрација :охридска чаршија-Мачо