(ПЕЧАТ НА ДЕНОТ) Кристина Крлеска “го продаде кучата“ (краток осврт на чаршијата)

Saso
By Saso 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Додека премиерот во заминување Димитар Ковачевски си пиел кафе со неговото „школско“ другарче во една кафетерија во Охрид ,за што бил блокиран цел цело централно подраачје во Охрид ,псолитичката ситуација во државава е катастрофална! Благо ќе биде да се каже дека власта прави гафови секојдневно, затоа што се неколку на дневна база, како по институции, така и во самиот владин кабинет. Секој чекор со кој наводно се ублажува претходниот е се полош и полош. Кога премиерот од петни жили се труди да даде некакви рационални објаснувања за секојдневните случувања, коалициониот партнер си тера агенда и “мува не го лази“ за мислењето на странците а и на домашните. Си направиле математика дека со предизборна коалиција со владеачките партии и заедничка листа, само со нивните “сигурни гласачи“, ќе освојат мнозинство во парламентот. Но домашниот есап на пазар не излегува! Нема веќе сигурни гласачи. Освен оние по Кичевските села од непречистените избирачки списоци, кои иако не постојат, во процент кој што е приближно еднаков до максималниот, редовно излегуваат на гласање.
Од друга страна, опозицијата… Која опозиција! Дупка… Послаба не била никогаш, без јасни ставови по најважните прашања, со нерасчистени релации со претходното раководство и кадровски промаршена, од претседател, потпретседатели па се до најнискиот ешалон.. Со огромен број на градоначалници кои со својата работа, односно неработа, создаваат лоша слика за партијата од која доаѓаат кај обичните граѓани. Сепак се надеваат на освојување на власта, иако свесни дека без “амин“ од една амбасада на странска држава тоа не бидува! Со ставови блиски до истокот, а да не го налутат западот. Но и тоа е веќе видено и прочитано.
И така може да се пишува до недоглед бидејќи не треба особена мудрост за ова да се согледа, само треба да се слуша чаршијата со објективно уво! Но ова писание не беше наменето за високи политики и правење на политички анализи, туку за ставот кој што го има чаршијата за претседателот на најголемата партија од власта во Охрид и она што на големо се зборува по градските сокаци! Да, “Кристина од централен“! Истата таа Кристина што работеше како возач на специјално возило во едно од градските јавни претпријатија и преку ноќ стана Директор, најпрво на градски Пазар, потоа на Централниот Регистар во Охрид! Сега извршува функција на претседател на огранокот на најголемата политичка партија од власта во Охрид. Се умислила госпоѓата дека е “челичната лејди“ и може да прави што сака.И да, прави што сака на своја рака но со тоа ја урнисува партијата која што треба да ја воздигнува. Од партијата направи “детска градинка“ со анонимуси во највисокото раководство кои што ништо не постигнале во својот живот со сопствена пот! Зошто е тоа така? Многу е едноставно, за да нема спротивставени ставови, а нејзините пулени да ги одобруваат нејзините постапки и пред централното раководство во Скопје, да се создава привидна слика дека “се тече како подмачкано“ и нема никакви проблеми.Но “чаршијата“ знае дека тоа не е така, нели, “чаршијата“ знае се! Полошо раководство во Охрид немало во периодот од создавањето на Македонија како самостојна држава па се до денес. Продефилирале еминентни доктори, правници, бизнисмени…па каде ја најдовте Кристина? Па зошто си давате “авто гол“ од позиција на власт?Наместо да се обиде да создаде единство, да ги сплоти членовите, да ги почитува постарите членови и симпатизери, ја урниса партијата Создавање на политички струи внатре во партијата е “здраво“ за демократското начело кон кое се залагаме, бидејќи е добро од повеќе спротиставени гледишта, со аргументи да се избере најдоброто. Спречувањето на вакви “струи“ создава фракции кои што прераснуваат во политички партии кои се покажало дека стануваат најголеми непријатели на партијата од која произлегле. Но Кристина неможе да прифати да некој има различно мислење од нејзиното бидејќи со тоа и се повредува егото, “Велгошката суета“. А за какво мислење пак би ја прашувале освен за решавање на кадрови прашања? Тука се покажува силата! Е, затоа извршниот одбор на општинаската организација изгледа онака како што изгледа!
Госпоѓата ништо не исполна од она што го ветувала на своите членови, како што одминува времето и се наближува датумот за распишување на избори, така доаѓа на наплата се она што обеќала. А нема време! Го знае тоа самата а го знаат и оние околу неја што чекаат вработувања и унапредувања. И тука доаѓаат кавги и препукувања, а доаѓа и нејзиниот политички крај! Кратко траеше, неславно ќе се заврши! Односите со нејзиниот втор човек, секретарот на партијата кој важи за десна рака на пратеникот, се целосно нарушени. Што е за право такви беа и од почетокот кога секретарот не по нејзина волја и беше наложено да го постави! Но заради некои повисоки авторитети тоа можеби кратко време и привидно функционираше. Поранешниот градоначалник воопшто не е вклучен во партиските текови и одлучувања. Секретарот на дистанца, поранешниот градоначалник го елиминира, со актуелните пратеници е формално и само службено на дослух! Тоа значи само едно, го чисти патот од можните противкандидати за пратеници од редот на нејзината партија. Господ да е напомош на Охрид и Охриѓани ако таа стане пратеник.
Веќе е во лоши односи и со полицискиот врв во Охрид заради неисполнување на ветувањето, нивен член од потесното семејство да стане Нотар. А да, кога сме кај Нотарите, чаршијата и оваа тема ја познава добро. Кристина молкумно се согласила, на двете испразнети нотарски места да не се вработи ниту еден Македонец. Едното нотарско место било резервирано за снаа на Охридски бизнисмен од турска националност, а другото за другар на министерот за правда од албанска националност. Чаршијата нема етнички предрасуди доколку од “правната фела“ни потврдат дека се работи за еминентни стручњаци од својата област кои што заслужуваат заради својата професионалност да станат Нотари. До денес, чаршијата не доби таква потврда, па останува да и веруваме на Кристина исто како што и верувавме дека нејзиното назначување на раководната позиција во ЦРМ е во согласност со закон!
Излезете малку од удобните канцеларии, прошетајте по чаршија. Слушнете ја “чаршијата“, “чаршијата“ знае се!

Пишува : Едмунд Дантес

Share This Article