(ПечаТ на деноТ,галерија)Узурпација на државно земјиште и нелегална градба со полициска заштита во комплекс „Парк“Охрид!?

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Узурпација на државно земјиште и нелегални градби веднаш до резиденцијалниот комплекс Вила „Биљана“ во месноста викана Парк крај Охрид ,дознава охридската чаршија и, повторно исти актери ,кој се над државата ,над правниот систем и секако со полицисска заштита од корупирани полициски командири.

Како што дознава охридската чаршија „началникот“ Мијалков кој си го повати имотот (сиромавиот два пати плајќа) во лусксузниот туристички комплекс „Парк“ (или Голден Бич,како сакате),заедно со уште едно лице од Кичево отварат мега коцкарница во стилот на оние гевгелиските…,арно ама за да не останат покуси и досегашните заштитени медведи во овој комплекс ,кој поседувале дискотеки, решиле да го узурпираат крајбрежието кое патем е во сопственост на Република Македонија.

За таа цел под полициска 24/7 заштита ,на лице место според извори од чаршијата бил командирот на ПС од Он Охрид Саше Дончески,се поплочил поголем дел од обалата ,како и се поставувале бунгалови на самата обала,без никаква урбаистичка согласност н од страна на надлежните институции, како и без никаква согласност од останатите сопственици на станови во комплекс „Парк“ (или Голден Бич,како сакате).Според сознанието кое дојде до охридската чаршија ,која патем е најинформирана,71 сосптвеник на стан во „Парк“ (или Голден Бич,како сакате) потпишале и испратиле петиција до државниот градежен испекторат, со која петиција побарале државата да стави крај на анархијата на поединци во овој туристички локалитет.

Станарите зачудени и отворено се запрашуваат каде е сега невладината ОХРИД СОС ,која до сега беше најгласна за Студенчико блато, лагадин итн,а кога се во прашање началниците ,тогаш молчат?!

Воедно според изворот на охридската чаршија,за цело време додека се одвивале нелегалните градежни дејствија во „Парк“ (или Голден Бич,како сакате) присатен бил командирот на ПС од ОН Охрид во униформа и службено возило,кој давал заштита на работниците и сопствениците на нелегалната градба ,за што доколку има малку правна држава ,мора да сноси кривична одговорнсот,затоа што и ако знаел дека заштитува кривично дело против имот на државата Република Македонија,постапувал спротивно на своите овластувања.

Охридска чаршија

ГАЛЕРИЈА:

Share This Article