More

    Печат на денот – Чаршијата повторно дознава,како Началникот (апликант-Нотар)го растури состанокот на ОО СДСМ,денес ке заседавала „кардиолошка секција“

    spot_img

    Не помина ниту еден ден, да одмориме на раат! Не помина ниту еден ден откако претседателката Кристина Крлеска, на тоа ОО СДСМ Охрид ги реши и изменаџира кадровските политики од областа на правото, подели Нотарски и правобранителски места по свој вкус и убедување на лица за особена заслуга за народ и држава, сега дојде на ред друга област каде што Кристина Крлеска  е особено упатена и стручна,тема -Медицина. И , кога чаршијата веруваше дека барем во медицината се треба да се остави на професионалност и стручност на оние викани лекари, бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти, а кога ќе се соочиме со таква ситуација бараме да не лечи најдобриот а не ги бираме докторите по партиски припадност,опа , по медиумите одекна вест во која се кажува за вршење притисок врз едно еминентно и стручно име од докторската фела. За војла на вистината, чаршијата имаше дослушнато за вакво нешто,уште пред една година ,кога истата таа Кристина трампаше 5 еминентни лекари за две дрти Магарина, но ете не сакаше да верува дека е можна таква работа.
    Се работи за Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан во Охрид, за која со право чаршијата тврди дека е најеминентната и најдобрата здравствена установа од таа област во Македонија и пошироко во регионот. Во оваа болница работат извонредни докторски имиња, врвни лекари и посветени професионалци и останат медицински персонал кој што се вложува максимално и се бори за секој еден пациент(се раазбира не по партиска припадност).Е, токму во оваа болница, некој се досетил дека требало да се донесе млад кардиолог од Кичево “по секоја цена“,детето ногу сакало да работи баш во оваа болница! Дека во Кичево немало срцево болни пациенти, туку ќе не лечеле нас по Охрид, па затоа да дојде на “припомош“! Од болницата кажувале дека немаат потреба од специјалисти кардиолози, ниту пак имало слободно работно место каде да се вработи овој млад стручњак, но сепак “инсистирањата“ на одредени лица продолжиле…
    Нема некој од стручната и нестручната јавност кој не даде подршка на докторката Елена Коваческа која извршува функција на директор на наведената болница. Социјалните мрежи се преполни со објави и повици за подршка и истрајност во борбата. Во текот на денот еден медиум Охрид1 во сосптвеност на гласноговорникот на ОО СДСМ ЛеваТ НгузиЧ, излезе со наслов : ‘СДСМ Охрид на состанок вечерва ќе одлучува за Кардиолошки“ …Одма се разбранува чаршијата после ваквата објава. Се доби впечаток дека Прим.Д-р Кристина Крлеска ги повикала “колегите“ и ќе држат стручен колегиум-докторски состанок! Све се тоа еминентни лица кои си играат партиско раководство со високи медицински познавања, па ете, ќе допринесат за унапредување на медицината, па дури и ќе одлучувале за Кардиолошко. Абееее, абеее… единствен допир со медицината ви бил на пункт за примање вакцина против ковид(тие што примиле)и некој што лечел трипер и сифилис,не ги рачунаме оние кои барале спас за борбата со ипотенција !!  Абе не си играјте со чаршиските луѓе, ја вреѓате нивната интелегенција. Па која е Кристина Крлеска и другарчињата да се прашувале за кардиолошки и да решавале некакви судбини и да донесувале некакви одлуки!? Не си играјте со трпението на чаршијата!? Не си придавајте некакво значење.
    Апелираме до партиското раководство, ако навистина држи “стручен колегиум“ за Кардиолошки, да ги заклучат партиските простории, да не “упадне некој началник“ како пред некој ден, па да ви се растури состанокот во име на нотаријатската партиска фела.
    Во име на чаршијата!

    Утре ексклузивно ќе читате: Чаршијата повторно дознава,или ќе се пониште решението за Нотар на Ричи ,или Началникот пжуздер ќе ги правел (фото – видео секција)

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img