Познато е дека има антибактериски својства, штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.
Имајте на ум дека зелениот дел од младиот кромид не треба да се фрла, бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.
Го штити срцето
Полн е со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Освен тоа, кромидот го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување на крвта, пишува b92.
Добро е за видот
Заштитува од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, одговорни за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.
Ги зајакнува коските
Витаминот Ц и К, со кои е богат кромидот, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната доза на витамин К и околу 2 проценти од витамин Ц. И двата се важни за густината и јачината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.
Го намалува холестеролот
Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер. Посебно нејзиниот зелен дел, кој некои го фрлаат, а подобро би било да го изедат.
За поубава кожа
Му помага на телото да произведува колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.