Пазарџиите очекуваат повисоки цени во наредниот период

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Трговците и пазарџиите годинава подранија со празничните цени за зеленчукот. Цените одат до плафон и е нејасно како месецов на празници (православен и католички Велигден и рамазански пости) граѓаните ќе успеат да го поминат. Ништо подобри не се ни очекувањата за наредниот период. Цените можат да одат и повисоко, велат пазарџиите.

Граѓаните, веќе негодуваат, дека со платите веќе не се во можност да обезбедат храна, а не и да празнуваат. Овие празници, велат, ќе ги намалат намирниците кои вообичаено ги поставуваат на празничните трпези .

-Табла од 10 јајца во маркетите поскапе од 64 на 96 денари. На пазарите цените се изгор. Младото лукче се продава од 7 денари парче, исто и кромитче. Доматите достигнаа цена од 200 денари, краставиците и пиперот имаат иста цена како и доматите. Некаде се дури и поскапи. Пиперот благиот оди и до 200 денари, а лутиот до 300 денари. Повод за ваквите цени не се само трошоците што ги имаат пазарџиите туку и празниците. Месецов почна рамазанскиот пост, а тука се и двата Велигден (католичкиот и православниот), па затоа не верувам дека овие цени ќе останат исти до крајот на месецов – вели скопјанка.

Друга граѓанка вели дека веќе нема разлика во цените на зелените пазари и во маркетите.

– Научени сме да купуваме свежо од пазар мислејќи дека ќе купиме домашен производ кој има посебен вкус, но не вкусот на зеленчукот, но и цените веќе се исти и на зелените пазари и во маркетите. Дури во маркетите може да се најде зеленчук и за пониска цена – вели таа.

И од Комората на пазарџиите велат дека деновиве се постигнати највисоките цени што зеленчукот ги имал досега.

– Доматите на зелените пазари се искачија на 130 односно 180 денари за килограм, исто и пиперот и краставиците. Нивните цени се изедначија со доматите. Се продаваат по цена од 180 денари за килограм. Досега немало вакви цени. Трошоците за производство, но и превозот и набавките од увоз како и пандемијата и војната во Украина го направија своето. На зелените пазари сè што се продава е од увоз. Се увезува најмногу од Албанија, бидејќи од таму и транспортот и цените се поевтини, но има увоз и од Грција, Бугарија и од Турција. Најмалку зеленчук се нуди од земјава, бидејќи скоро и да го нема – вели Екрем Долек од Комората на пазарџии.

Според него, иако цените на зелените пазари го достигнаа плафонот, сепак не се знае какви цени ќе имаме наредните недели.

– Во ова лудо време – невреме кога цените во светот дивеат не може да се каже дали наредните недели ќе имаме исти цени на производите. Секоја нова нарачка е со нова цена. За пример би ги споредил моменталните цени на пиперките во земјава и Косово. Таму моментално цената на килограм пипер изнесува 8 евра или близу 500 денари. Што ќе се случува во наредниот период, не се знае – вели Долек.

- Advertisement -
Ad image

Анализата на цените од 1 до 8 април објавени на земјоделскиот пазарен информативен систем покажуваат дека зеленчукот има високи цени на сите зелени пазари во земјава. Најголемиот дел од пазарџиите на зелените пазари се снабдуваат самостојно од дистрибутери и ги формираат цените според сопствените трошоци.

За споредба еве ги и цените на пазарот на големо за истиот период, според истиот извор. Споредбата говори дека цените на пазарот на големо се изедначени со просечните цени кои се постигнати на пазарите во земјава.

Сорта / Раса Пазар на големо-Гази Баба Просечна цена на РМ
МАГДАНОС 10,00 10,00
ТИКВИЦА 70,00 70,00
КРАСТАВИЦА 50,00 50,00
ДОМАТ 130,00 130,00
КОМПИР 31,00 31,00
КОМПИР(млад) 62,00 62,00
КРОМИД (сите сорти) 20,00 20,00
КРОМИД (млад-парче) 3,00 3,00
ЛУК (млад-парче) 5,00 5,00
ЛУК (сите сорти) 180,00 180,00
ЗЕЛЕНА САЛАТА 10,00 10,00
ЗЕЛКА 18,00 18,00
ЗЕЛКА (млада-пролетна) 30,00 30,00
ЦВЕКЛО 20,00 20,00
ПРАЗ (парче) 10,00 10,00
МОРКОВ 25,00 25,00
* цените се изразени во денари

 

- Advertisement -
Ad image

За разлика од пазарите цените во маркетите се малку пониски според порталот Ценометар цената на пример на доматите во макретите се движи од 104 до 149 денари за килограм, на краставиците од 99 до 135 денари за килогарм, а на младата зелка од  29 до 31 денар.

Share This Article