Павле Трајанов ги предупредува историчарите – да се преговора за Охридска Архиепископија е велепредавство!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Демократскиот сојуз смета дека мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања не е надлежна да разговара и да преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

„Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или мугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел), да биде разрешена и да се изберат историчари кои се резистентни на политичко влијание“, се вели во партиското соопштение.

Share This Article