Пациентот не се тестирал за мајмунски сипаници во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кичевчанецот за кој беше објавено дека вчера со сопствена кола се упатил кон Скопје за да се тестира за мајмунски сипаници не се тестирал, пишува Алсат. Пациентот кој во понеделникот изнемоштен пристигна во кичевската болница со траги на кожата не се појавил ни во дежурната служба. Лицето три недели престојувал во Австрија и има 43 години. Директорот на Здравствениот дом во Кичево рече дека пациентот не се појавил ниту во Одделението за брза помош.

Од Министерството за здравство велат дека на Инфективната клиника нема пациент суспектен за мајмунски сипаници. Оттаму соопштија дека има едно лице за кое постои сомневање дека е заразено и кому му е препорачано да се тестира. После тоа било побарано епидемиолошко истражување на неговите контакти.

Од Центарот за јавно здравје Битола, надлежни за тој регион, го повикуваат пациентот да се изолира и да соработува со локалните здравствени власти. Инаку, ширењето на заразна болест и загрозувањето на јавното здравје е казниво според Кривичниот законик со затвор до 3 години.

Share This Article