Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, денес остварија средба со г.г. Стефан.
– Заедно со Владо Мисајловски остварив средба неговото блаженство архиерејот на МПЦ-ОА г.г Стефан. На средбата честитав за храброста и мудроста на Синодот и поглаварот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност, како чувар на нашиот идентитет и култура. Македонската црква која овозможува духовно обединување на нашиот народ е значаен столб во нашето суштествување како народ и земја. Да чекориме обединето, мудро и решително – вели Мицкоски.