Патот е неповратен, му рече Зеленски на Столтенберг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иднината на Украина е во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Двајцата говореа пред претстојниот денешен состанок на Советот НАТО-Украина во рамките на Самитот на Алијансата во Вашингтон. Лидерите на земјите од пактот во завршната декларација на состанокот на Северноатлантскиот совет – највисокото политичко тело за одлучување во НАТО, ветија дека патот на Украина кон членство во организацијата е неповратен.

Столтенберг потврди дека не може да прецизира конкретни датуми за пристапување на поранешната советска република во западната воена алијанса, но наведе голем број конкретни мерки за изградба на „мост за членство“.

ЗеленскиЖ се заблагодари на НАТО за помошта што и ја дава на Украина и повика на нејзина брза испорака.

Во усвоената декларација Алијансата официјално се обврза следната година да обезбеди воена помош за Киев во износ од 40 милијарди евра.

– Патот на Украина кон членство во НАТО сега е неповратен – нагласи Зеленски.

Share This Article