More

    Патнички авион „Ербас А320“ со 167 патници и членови на екипажот принудно слета во поле во Новосибирската област

    spot_img

    Патнички авион „Ербас А320“ со 167 патници и членови на екипажот принудно слета во поле во Новосибирската област, соопшти денеска авиокомпанијата „Урал ерлајнс“.

    Авионот на линијата од Сочи до Омск успешно принудно слета надвор од аеродромот. Ниту еден од патниците и членовите на екипажот не е повреден“, се вели во соопштението објавено на „Телеграм“.

    Претходно авионот на компанијата „Урал ерлајнс“ побарал принудно слетување на аеродромот во Новосибирск од технички причини, но подоцна беше објавено дека авионот слетал на поле, пренесува агенцијата ТАСС. Не е наведено за какви технички причини станува збор.

    Во 2019 година авион со 233 патници на истата компанија мораше принудно да слета во поле со пченка, откако птици влетаа во моторот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img