Парушев подготвува обработки на традиционални македонски песни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето утре, 30.07.2024 година, со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“.

Во групата се: Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано и Дионис Стратров – бас гитара.

„Парусион“ груп ансамбл е оформен 2003 година во Скопје. Го предводи Михаил Мишко Парушев – композитор и свирач на ударни инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година, во семејство на музичари. На четиригодишна возраст покажал интерес за ударни инструменти. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Михаил Парушев дипломирал на ФМУ Скопје. Член е на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па сѐ досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Парушев е автор на солистички албум „Агол“ издаден 2022 година. По 20 години концертна соработка со музичарите од ансамблот, создаваат композиции во ставови, од акустична до електрична продукција, полиритмија и модерна музика. Во соработка со Зоран Костадиновски, експериментираат со звук на сцена. Парушев е во подготовка на нов авторски материјал и обработки на традиционални македонски песни.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Share This Article