Партон со „Манескин“ снимија преработка на нејзина песна, стара 50 години

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарната американска кантри пејачка Доли Партон сними обработка на нејзиниот хит „Jolene“ (Џолин) од 1973 година со италијанската група „Манескин“, која стана мегапопуларна по победата на Евровизија.

Преработката е снимена во време на објавувањето на нејзиниот нов албум „Рокстар“, но не е вклучена во албумот, туку може да се слушне во специјална верзија.

 

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, обожавателите се одушевени од оваа необична соработка.

„Доли Партон и ‘Манескин’? Ова е генијално“, „Сега ги сакаме Мајли Сајрус и ‘Манескин’“, „Ова е совршено“, „Момчиња, многу сум горд на вас“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Меѓутоа, има и такви на кои не им се допаднала оваа комбинација.

„Оваа песна е уништена ако ја пее кој било, освен Доли Партон“, пишуваат тие.

Песната „Jolene“  е еден од најголемите хитови на 77-годишната пејачка. Текстот на песната е за банкарска службеничка која флертувала со нејзиниот сопруг додека Доли била на турнеја.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article