More

    Партијата на Љубчо реагира на одбележувањето на Кумановската битка кај Зебрњак

    spot_img

    ВМРО-Народна партија реагира дека некој прави ревизија на историјата, а по повод одбележувањето на 112 годишнината од Кумановската битка кај споменикот „Победа“ кај Зебрњак, Кумановско, на кое вчера присуствуваше и потпретседателот на македонската Влада Иван Стоилковиќ.

    „Бевме сведоци како нашата Македонија го прославува почетокот на најтрагичниот настан во нејзината историја, а тоа се балканските поделби на Македонија. Во присуство на потпретседателот на македонската Влада кој и официјално ја претставува државата, во присуство на македонското знаме и македонски официри бевме уште еднаш сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата. Пред десеттина години кога премиерот Никола Груевски за прв пат ја промовираше прославата на Зебрњак мислевме дека тоа ќе биде еднократен чин, но испадна оттогаш дека тие прослави се само продолжение во низата, секоја година, и не само на Кумановската битка, туку се прошири и на Битката на Брегалница, Битката кај Кајмакчалан, сето тоа проследено и со реконструирање на сите споменици кои од 1918 до 1941 година династијата на Караѓорѓевиќ ги има направено во Вардарска Бановина“, реагира ВМРО-Народна.

    На сите тие прослави на македонска територија, се додава во соопштението, српските официјални претставници наместо името Македонија ги употребуваат термините Стара Србија, Јужна Србија и Кралство Југославија и зборуваат за ослободување на „српските земји“ и за ослободување на српскиот народ.

    „ВМРО-Народна партија отворено ја прашува Владата на Р.С. Македонија, МАНУ и Институтот за национална историја, кога и кој ја направи оваа ревизија на македонската историја? Сакаме да знаеме дали имало историска комисија и кои историчари учествувале во оваа веќе очевидна промена на официјалната македонска историја. Има ли договори за сето тоа, кога се потпишани?  Бараме да се објават јавно, а притоа сакаме да знаеме и што добива Македонија од сето тоа“, се вели во соопштението.

    ВМРО-Народна партија ја потсетува македонската јавност дека во комунистичка Југославија и најголемите југословени имале црвени линии кон режимот на Караѓорѓевиќ и неговиот третман кон нашата Македонија.

    „Сакаме да потсетиме и дека ставот на македонската левица и македонската десница беше недвосмислен кон тоа дека Кралска Југославија е зандана на народите и дека и едните и другите всушност се бореле за уништување и пропаѓање токму на таа Југославија“, се вели во соопптението на партијата на Љубчо Георгевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img