More

    Партијата на Каракачанов го блокираше патот до граничниот премин Ѓуешево

    spot_img

    Бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД организира протест кај Жиленци, блокирајќи го патот што води до граничниот премин Ѓуешево, а причините ги изложи почесниот претседател Красимир Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.

    – Нашите барања се планот „Макрон“ отфрлен од Парламентот и Бугарија да стави цврсто и јасно вето врз база на писмениот договор што го имаме од 2017 година – објасни поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

    Неговата партија на неподнослива горештина и температура од 35 Целзиусови степени повеќе од еден час го блокираше движењето на возилата, при што се содадоа километарски колони од и до границата, а дел од возачите влегоа и во конфликт со демонстрантите.

    Членовите и симпатизерите на ВМРО-БНД бараа запирање на „говорот на омраза од другата страна“ и нападите на луѓето со бугарско самосознание, а протестираа и против затворањето на „бугарските културни клубови“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img