More

    Партијата на Ахмети се подготвува за опозиција, реагираше Беса

    spot_img

    Повлекувањето од криминалот нема да ве амнестира од одговорноста. Веста дека Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, до крајот на годинава ќе се повлече од челната позиција на „Соравија“ е еден од показателите дека ДУИ се подготвува за опозиција. И со ова се обидува да избега од одговорноста за криминалот што го направиле членовите на семејството на лидерот на ДУИ, обвини партијата Беса преку соопштение.

    „Но, повлекувањето од управниот одбор на ‘Соравија’, не може да го покрие отпечатокот на внукот на Али Ахмети, кој на возраст од само 25 години, стана сопственик на капитал вреден 35 милиони евра. Од друга страна, албанските студенти, лекари, полицајци, архитекти, секојдневно ги полнат автобусите за да се исселат во странство, бидејќи тука не можат да си обезбедат егзистенција. Овој чекор на Дрин Ахмети открива уште еден факт, дека можеби тој не е директен сопственик на ‘Соравија’, туку неговиот чичко Али, кој се обидува да го скрие своето богатство кај членовите на својата фамилија. Или пак, ова го поттикнува прашањето, дали Дрин Ахмети знае дека откако неговиот чичко нема да биде веќе на власт, тој ќе ја изгуби способноста да биде бизнисмен, да управува со милиони, и дека може да заврши во затвор за несправедливо зголемување на богатството, и на овој начин се обидува да ја сокрие неспособноста и криминалот предизвикан од семејството Ахмети? Јавноста, исто така, има интерес да знае, дали ќе се отстранат од управните позиции синот, ќерката и зетот на Али Ахмети, од компаниите кои исто така вртат милиони евра годишно, преку тендери што ги добиваат од државните компании? Сепак, сè е јасно! Семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, толку длабоко навлезе во криминал, толку што изгуби контрола и не знае како да го прикрие. И во секој обид да се покрие, излегува нов скандал“, се вели во соопштението.

    Но, доброто е, посочено е таму, што 8 мај е многу блиску! Институциите ќе ги водат луѓе кои се ВРЕДНИ!

    „А коалицијата ВРЕДИ, после 8 мај, ќе ги активира сите институции кои имаат задача да ги откријат криминалот и корупцијата. На 9 мај, одговорноста ќе започне и ќе давате отчет за сите криминални и коруптивни дела и афери, преку кои ги полневте џеповите и го зголемивте фамилјарното богатство, а Албанците ги осиромашувавте и ги втурнавте во беда“, се вели во соопштението на Беса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img