„Сува интелигенција, паркинг на кружен тек. Сѐ друго е јасно, таблиците одат“.
Вака гласи објавата на познатата Фејсбук група „Грчка инфо“ во којашто туристите од Македонија и од Србија секојдневно објавуваат корисни информации за летувалиштата кај нашиот јужен сосед.
Во објавата се гледа човек, најверојатно грчки полициски службеник во цивилна облека, кој ги собира регистарските таблички на македонски и на српски возила кои се паркирани буквално на кружен тек.
„И после плачат поради тоа што им ги извадиле таблиците и ги обвинуваат Грците за политичка одмазда“, гласи еден од коментарите под објавата.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите: