Париз е лидер со просечна цена на квадратот од 13.500 евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Париз во вториот квартал од годинава просечната цена на недвижнините се највисоки во Европа. во француската претолнина треба да платите во просек по 13.462 евра за квадратен метар, покажува истражувањето на цените на недвижностите на консултантската куќа Дилојт.

Нешто поевтин  е квадратот недвижнина во јужниот дел на Германија, во Минхен, каде што просечната цена за квадратен метар изнесува 10.500 евра.

Во Лондон, Осло и Франкфурт недвижнините имаат просечна цена од  8.400 евра.

Во Амстердам квадратот е 7.600 евра, а во Копенхаген 7.300 евра.

Во Хамбург, според студијата на Делоит, просечната цена на недвижнини е 6.900 евра за квадратен метар, во Берлин 6.500 евра.

Најевтини во Европа, според студијата се становите во  бугарските црноморски градови Варна и Бургас, каде нов стан може да се купи во просек за 900 евра за квадратен метар.

Кога станува збор за месечната кирија, најскап повторно е  Париз со 29,19 евра за квадратен метар, а потоа следуваат Осло, Лондон и Амстердам. Минхен е на десеттото место, со 18,90 евра. За Франкфурт, Делоит утврди дека просечната кирија е 15,90 евра квадрат, во Берлин е 14,30, а во Хамбург 13,60.

По бројот на станови, Германија е на третото место со 43,1 милион или околу 51.800 станови на 100.000 жители.

Во многу земји приемот на бегалци од Украина се почувствува на пазарот на домување, а најмногу во Полска, Словачка и Унгарија.

- Advertisement -
Ad image

„Во вториот квартал од 2022 година, понудата на станови за изнајмување се намали, бидејќи многумина беа искористени за сместување на украинските бегалски семејства“, се вели во студијата на Делоит.

Share This Article