Парис Хилтон, која стана мајка на почетокот на годината, на 42-годишна возраст, сега ја изненади јавноста со информацијата за доаѓањето на уште еден член од семејството – ќерка.
Богатата наследничка Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум на својата ќерка ќе ѝ го дадат името – Лондон.
„Благодарам на моето девојче“, напишала Парис Хилтон, покрај слика од розова облека на која е испишано името на нејзината ќерка.
Нејзиниот син Феникс, зачнат преку сурогат мајка, пристигна на светот пред 10 месеци. Парис тогаш истакна дека со години се борела со помош на вештачко оплодување, за да се реализира како мајка.
Многу следбеници тогаш објавија негативни коментари за изгледот на бебето, а Парис застана во одбрана на својот син.
Коментарите главно беа поврзани со неговата „голема глава“, а Парис нагласи дека со детето се е во најдобар ред.