Непознати сторители го украле крстот на покојниот папа Бенедикт Шеснаесетти од парохиска црква во јужната германска провинција Баварија. Поранешниот папа и го остави крстот што го носеше на градите на родната парохија во Траунштајн, соопшти денеска Државната канцеларија на баварската криминалистичка полиција (ЛКА).
„Папскиот пекторал“ бил украден вчера од црквата Свети Освалд во Траунштајн. Сторителите ја скршиле витрината вградена во ѕидот и го украле крстот. Освен тоа, скршена е и каса на штандот за списанија и украдени се пари, се додава во извештајот.
– Не можеме да ја исклучиме можноста дека се работи за планирано дело. Кражбата е забележана веќе во понеделникот, а истрагата подоцна ја презеде ЛКА – рече портпаролот на ЛКА.