Војната во Украина е водена од интересите на неколку „империи“, не само на Русија, рече папата Франциско во интервју објавено во петокот.
Папата Франциско рече дека конфликтот е поттикнат од „империјалните интереси, не само на Руската империја, туку и на империите од другите страни“.
БиБиСи: Руската стратегија не функционира, Украина не е на колена
Папата разговараше со швајцарската ТВ станица РСИ од италијански јазик во интервју што требаше да се емитува во недела. Извадоците беа објавени во петокот од италијанските дневни весници La Repubblica, La Stampa и Corriere della Sera, пренесува Reuers.
Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликацијата