Папата Франциско повика на молитва за поранешниот папа Бенедикт во средата, велејќи дека тој е „многу болен“.
Папата Франциско го упати неочекуваниот повик на крајот од генералната аудиенција, без да даде детали. Во 2013 година, Бенедикт (95) стана првиот папа во последните 600 години кој се откажа од папската функција. Оттогаш живее во Ватикан.„Би сакал да ве замолам сите вас за посебна молитва за почесниот папа Бенедикт, кој тивко ја поддржува Црквата. Да се потсетиме на него. Тој е многу болен, го моли Господ да го утеши и да го поддржи во ова сведоштво за љубовта кон Црквата, до крај“, рече Франциско, говорејќи на италијански.
Од Ватикан немаше директни коментари за здравствената состојба на Бенедикт, а на телефонските повици до неговата резиденција во Ватикан не беа одговорени, наведува британската агенција Ројтерс.